Овие фармерки ќе бидат апсолутен хит во текот на 2021 година: Секоја жена изгледа послабо во нив!

Водечки тренд

Модните експерти пресудиле, овие фармерки ќе бидат задолжително парче во гардероберот на секоја модерна жена

Трендот на екстремно долги ногавици стана актуелен оваа зима, а ќе се задржи и во текот на наредната година.

Ако сакате да бидете во чекор со трендовите, мора да набавите фармерки со поширок крој и долги ногавици. Тие ќе бидат водечки тренд во текот на цела 2021 година.

Повеќето жени ќе ги обожаваат, бидејќи во нив нозете изгледаат повито и подолго. Вреди да се инвестира во ова парче, бидејќи ќе го носите многу пати во најразлични пригоди.

Дизајнерите ги воведоа во своите колекции овие фармерки со широки ногавици од колкови па надолу, кои лежерно паѓаат дури и врз стапалата. Токму поради таквата должина, нозете изгледаат подолго, а поради рамниот крој на ногавиците и материјалот што не се припива за нозете, тие изгледаат многу повито.

Освен што убаво изгледаат и ласкаат на сечија градба, многу се удобни. Овие фармерки се речиси совршени, удобни, трендовски и одлично им стојат на сите.

Дали ви се допаѓа овој тренд?

Фармерките што ќе ја обележат оваа есен: Девојките полудеа по „fit mom jeans“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.