Фармерките што ќе ја обележат оваа есен: Девојките полудеа по „fit mom jeans“

Тексасот нема да излезе од мода, но затоа стиловите фармерки се менуваат секоја година – моментално се заборавени оние со низок струк, а доминираат моделите со висок струк што се врзуваат

Ако оваа есен вие и вашата мајка се фатите за ист модел на фармерки во продавницата, задолжително купете ги и двете. Веќе неколку години во мода се mom jeans, кои нема скоро да исчезнат од модната сцена, туку ќе бидат со поинаков облик и ширина на ногавиците, половина, боја и додатоци…

Се носи fit mom jeans, нешто потесен модел за мамички, со висок струк, а пожелно е да имаат појас или лента која може да се врзе во панделка.

Иако можат да се носат со широки дуксеви, блузи и кошули, панталони со висок струк најдобро изгледаат кога во нив ќе го вовлечете горното парче облека. Супер се согласуваат со топ, врз кој можете да облечете што и да посакате.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.