Десерт што нема да ви одземе многу време, а целото семејство ќе ужива во него: Пригответе брз колач со праски!

Добра храна

За приготвување на колачот наместо праски, можете да користите друг вид меко овошје

Состојки:

За кората:

  • 250 г парчиња кекс
  • 100 мл млеко

За филот:

  • 300 г шлаг-крем
  • 400 мл млеко
  • 400 г кисела павлака
  • 150 г мелен кекс
  • 500 г праски

За посипување:

  • 50 г мелен кекс

Приготвување:

1. Се зема подлабок плех, од 32 х 20 см. Парчињата кекс се макаат во млекото и со нив се прекрива дното на плехот, да се обликува кора.

2. Посебно се приготвува филот. Се мати шлаг-кремот со млекото, па се додава киселата павлака и се миксира.

3. Добиениот фил се дели на два дела, па во едниот дел се додава мелениот кекс и полека се меша со маталка, да се добие воедначена смеса. Во другиот дел не се додава ништо.

4. Преку подлогата од кекс се премачкува филот со мелениот кекс и се рамни со шпатула.

5. Праските се лупат и се чистат од коските, па се сечкаат на помали парчиња. Рамномерно се распоредуваат преку филот и нежно се втиснуваат.

6. Преку праските се нанесува белиот дел од филот и се рамни. Одозгора се посипува со мелен кекс. Се остава во фрижидер да се зацврсти, а потоа колачот се сечка на коцки во големина по желба.

Извор: Добра храна

Вистински деликатес за сладокусците: Пробајте ги овие пенести коцки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.