Нина Бадриќ покажа АТРАКТИВНО МОДНО ПАРЧЕ, кое може да се носи и на свадба и на кафе со пријателките, а чини само 2.500 денари (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Нина Бадриќ важи за една од најдобро облечените жени на нашите простори, а нејзините комбинации секојдневно не’ инспирираат и покажуваат дека не е тешко да се биде брилијантно стилизиран, особено ако сте подготвени одвреме-навреме да преземете моден ризик.

Хрватската Моника Белучи, како што ја нарекуваат популарната пејачка, неодамна позираше во елегантна комбинација за секој ден, составена од едно од најмодерните парчиња оваа сезона, кое можеби и самите сте го забележале.

Станува збор за ефектен, моќен, свилен комбинезон на едно рамо со потпис на познат шпански бренд, кој можете да го купите и во нашата земја, а цената на овој модел е околу 2.500 денари.

Нина го искомбинира со лежерни еспадрили „Гучи“ со платформа и голема, плетена чанта, но лесно е да се замисли овој комбинезон на свадба или гала-вечера со различни додатоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.