Никој не знае да се облече така добро како НЕА: Аманда е вистинска инспирација за дамите што сакаат да изгледаат ТОП летово!

Која комбинација ви е омилена?

Таа е едно од најпрепознатливите лица во телевизиската историја, а со своите секојдневни совршени стајлинзи ги воодушевува и модните критичари и обичните жени

Аманда Холден има 52 години, тело на божица и харизма со која ги освои обожавателите на шоута за таленти каде што со години учествува како судијка. Најпознатото меѓу нив е „Британија има талент“, а со своите стајлинзи веќе подолго време ги воодушевува гледачите.

Има два брака зад себе и две деца, висока е 162 см, па така спаѓа во поситните жени кои мораат да внимаваат на исхраната, што таа и го прави, но покрај тоа, се занимава и со спорт за да го одржи тонусот на мускулите и совршената става која со години не ѝ се менува.

За нејзиниот стил се зборува и во високите модни кругови, таа секогаш знае да одбере парче што совршено ѝ прилега на нејзината градба, обожава да си игра со кроевите и боите, а ние ви ги презентираме нејзините најдобри летни стајлинзи што можат да ви послужат како инспирација.

Која комбинација ви е омилена?

Кога сакате да изгледате како божица, облечете се вака: Модна десетка за Аманда Холден!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.