„7 години маж ми никогаш ме нема видено без ОВА“: Богаташката ги споделила своите совети за среќен брак!

Шарлот Тилбури

Милион жени се колнат во нејзините трикови за шминка, а меѓу нив се и Кејт Мос и Ким Кардашијан

Шарлот Тилбури се прослави со својот бренд за шминка, направи милијарди, а сето тоа го заслужила така што со години вредно работела како шминкерка, па одлучила своето знаење да го преточи во бренд што го обожаваат милиони познати, но и обични жени ширум планетава.

Таа денес има две деца, седум години е во брак и вели дека за сето ова време никогаш не дозволила сопругот да ја види без шминка, односно без маскара и моливче за очи.

Во едно интервју, Шарлот, чии производи често ги рекламираат холивудските ѕвезди, зборувала за гласините дека сопругот никогаш ја нема видено без шминка.

„Ја вадам шминката, ја негувам кожата, потоа ставам моливче за очи Color Theory, кое трае 16 часа и маскара. Џорџ никогаш ме нема видено со ненашминкани очи во спалната соба. Никогаш! Ви велам, одржувајте ја магијата жива“, рекла таа.

Најпознатата шминкерка се омажила за својот втор сопруг Џорџ Вод, филмски продуцент, во 2014 година.

Ова не е првпат нејзините правила за шминкање во спалната соба да станат главни вести. Во 2016 година, онлајн-магазинот The Cut пишувал дека Ким Кардашијан, која со години ѝ се восхитува на шминкерката и ја нарекува свој идол, рекла дека токму таа ја научила како да спие со шминка. Самата Шарлот Тилбури уште тогаш рекла дека се чувствува секси со нашминкани очи во спалната соба.

„Ја вадам сета шминка од очите, а потоа повторно ја ставам“, додала таа.

Шарлот Тилбери на 13 години сфатила колкава е моќта на шминката и мислела дека таа ќе ѝ го промени животот.

„Уште тогаш сфатив колку можеш да се чувствуваш моќно, самоуверено и неверојатно кога ќе се погледнеш во огледало и ќе се чувствуваш одлично, бидејќи ти се допаѓа како изгледаш“, рекла таа.

Експертите не го одобруваат легнувањето со шминка во ниту една опција.

Дерматологот Мариса Гаршик вели дека рутината на спиење со шминка може да предизвика различни проблеми на кожата на лицето. Тоа може да придонесе за затнување на порите и иритација на кожата.

„Ако спиете нашминкани, тоа може да го спречи дејството на другите состојки за нега на кожата. Тие треба да ѝ помогнат на кожата да закрепне од целиот ден, да продрат и да бидат ефикасни“, тврди Гаршик.

Кога станува збор за шминката за очи, особено за маскарата и ајлајнерот, Гаршик предупредува дека спиењето со оваа шминка би можело да доведе до иритација или затнување на малите жлезди околу окото и да доведе до воспаленија.

Дали ќе ѝ верувате на жената која, како што вели, го одржала својот брак со помош на шминка или на дерматологот, останува на вас, но мора да признаеме дека повеќето жени сепак се чувствуваат посигурно и посекси макар со минимална шминка, па не е ни чудно што нејзината „магија во бракот“ трае толку долго.

Шминкерка на познати личности има совети како визуелно да ги намалите отечените подочници со шминка
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.