Кога сакате да изгледате како божица, облечете се вака: Модна десетка за Аманда Холден!

Полн погодок

Виолетовата од глава до пета дефинитивно е одличен избор

Актерката Аманда Холден (49) последниве недели е сè поприсутна во јавност и секој пат одново воодушевува со своите модни комбинации.

И додека последниве неколку недели се фокусира на топлите есенски стајлинзи, денес ни покажа како треба да се облечете кога сакате да изгледате префинето, елегантно, луксузно, а истовремено ненападно и умерено.

Сè што треба да направите е да облечете добро скроени парчиња во боја со која нема грешка – светло виолетова.

Најнежната нијанса на познатата кралска боја секогаш ќе му даде на стајлингот доза луксуз, а ако целата комбинација е во оваа боја, ефектот не може да изостане.

Ненадминлив есенски стајлинг: Во оваа комбинација секоја жена изгледа како милиони долари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.