Можат да бидат дел од лежерен, но и од елегантен стајлинг: Ваквите панталони ќе бидат апсолутен хит пролетната сезона!

Пролетен тренд

Овој крој не е повеќе резервиран исклучиво за деловен стил

Императив оваа, но и наредна сезона е удобноста. Колекциите на модните дизајнери се преплавени со парчиња во кои ќе ни биде пријатно, но и во кои истовремено ќе изгледаме апсолутно шик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leigh👑 (@leighwoodzx)

На почетокот на пролетта на модната сцена се враќаат панталоните со поширок крој. Иако претходно беа резервирани за деловниот стил и по правило се носеа со сакоа и деловни кошули, тоа правило се менува. Оваа година ќе станат дел од полежерните комбинации и ќе бидат задолжително парче во гардероберот на секоја модерна жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L I S A (@lisanicolejames)


Дизајнерите советуваат да се комбинираат со кошули, кратки маички и широки блузи. Во тренд ќе бидат сите бои, а вам ви преостанува само да ја одберете онаа што најмногу ви се допаѓа.

Во овој крој на панталони веќе имавме можност да ги видиме манекенките Кендал Џенер и Бела Хадид.

Прегледајте ги плакарите: Овие трендови од 1980-те повторно се во мода!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.