Прегледајте ги плакарите: Овие трендови од 1980-те повторно се во мода!
Ќе бидат хит во 2021 година
Сите жени ќе ги носат
„Паф“ ракави
View this post on Instagram
Истакнати на различни модели на фустани и кратки маички, „паф“ ракавите станаа заштитен знак во 1980-те, но овој детаљ и понатаму е задолжителна појава на модните парчиња.
Моќни костими
View this post on Instagram
Во 1980-те женските костими се сметаа за израз на женската еманципација и за неопходен комплет во секоја добра деловна гардероба. Но костимите сега престанаа да бидат синоним за деловен стил на облекување и станаа омилен избор на бројни дами во сите пригоди.
Панталони со „морков“ крој
View this post on Instagram
Висок струк, широки во колковите и тесни кај глуждовите – панталоните со „морков“ крој станаа заштитен знак на модата во 1980-те. Денес, повторно се популарни, што можеме да го видиме од трендот на таканаречените mom jeans.
Избледени фармерки
View this post on Instagram
Избледените фармерки третирани со киселини, исто така, се едно од модните парчиња кои ја обележаа модата во 1980-те. Со оглед на тоа што нивниот изглед многу брзо може да се претвори во лош вкус, ако ги носите, препорачуваме да користите висококвалитетни додатоци и непретенциозни еднобојни парчиња облека, како што се сакоата, блузите или маиците.
Предимензионирани блејзери со поставени рамена
View this post on Instagram
Благодарение на трендот на „моќно облекување“, широките рамена станаа модна заповед во 1980-те, особено кога станува збор за женската мода, бидејќи асоцираат на сила и доминација. Покрај „надуваните“ ракави, дополнителен волумен давале и перничињата за рамена сошиени во блејзерите. А и денес, во многу колекции можете да најдете предимензионирани сакоа со поставени рамена. Ова впечатливо модно парче идеално оди со тесни панталони или женствени фустани, кои го создаваат потребниот контраст.
Животински дезен
View this post on Instagram
Различните животински дезени особено добро оделе со дивиот моден стил од 1980-те. Лавовскиот, тигрестиот, зебрестиот или змискиот дезен своето место го најде на различни модни парчиња, како што се случува тоа и денес.
Хеланки
View this post on Instagram
Како еден од најголемите трендови во 1980-те, хеланките и денес се присутни на модната сцена.
Неонски бои
View this post on Instagram
Отровнозелена, светложолта или розова – јаките, неонски бои станаа составен дел од модата во 1980-те. Најмногу доминираа во спортската облека.
Слоевит накит
View this post on Instagram
Широк ремен околу половината
View this post on Instagram
Комплети
View this post on Instagram