Овие хороскопски знаци не можат ни да замислат врска на далечина

За нив никако не е физичката дистанца

За припадниците на следниве три хороскопси знаци, астролозите велат дека ѝ се верни на изреката „далеку од очите, далеку од срцето“! Со други зборови, тие не можат ни да замислат врска на далечина, па доколку и вие или вашиот партнер спаѓате во некој од нив, подгответе се навреме – можно е врската да не ви успее доколку се вљубите „на далечина“.

Близнаци
Припадниците на овој воздушен знак честопати се многу лош избор за врска на далечина, бидејќи се неодлучни и никогаш не сте сигурни што точно правите со нив. Понекогаш мислите дека сè е во ред, и тоа е далеку од вистината. На Близнаците им е многу лесно истовремено да бидат во две врски, без да се посомнева ниту еден од партнерите.

Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а ако не го добиваат од партнерот, вниманието ќе го побараат на друго место. Со оглед на тоа дека на далечина е многу тешко да покажете внимание, Лавот најверојатно веќе ужива во нечие ласкање. Во идеалниот свет на Лавовите, саканата личност мора да се „појави“ каде што тие сакаат, кога сакаат. Со врска на далечина, ова не е можно.

Водолија
Тие ја сакаат слободата и се уметнички души. Дружењето со пријателите често им е приоритет број еден, а кога нешто лошо ќе се случи или некој ќе ги повреди, тие прво ќе побараат утеха од партнерот. Ако станува збор за врска на далечина, тешко е да се предвидат такви ситуации, така што Водолијата може да се чувствува изневерена и повредена.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.