Мирис што ќе ве врати во детството: Израдувајте ги домашните со овие ролатчиња со јаболка!

Десерт

Овие ролатчиња се одличен десерт

Состојки:

За тестото:

  • 750 г брашно
  • 80 мл масло
  • 400 мл млеко
  • 2 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 30 г квасец

За филот:

  • 1 кг исчистени јаболка
  • 2 лажички цимет
  • 2 лажици лебни трошки
  • 200 г шеќер

За премачкување:

  • 1 јајце
  • 50 г сечкани бадеми

Приготвување:

1. Квасецот разматете го во млако млеко со лажиче шеќер и брашно, па оставете го на топло да нарасне.

2. Во сад измешајте брашно, преостанатиот шеќер, сол, масло, жолчки и приготвениот квасец, па со рака замесете еластично тесто. Покријте го со крпа и оставете го да одмора еден час.

3. За приготвување на филот, изрендајте ги јаболката и исцедете ги од вишокот течност. Измешајте ги со шеќер и цимет.

4. Посипете ја работната површина со брашно. По стасувањето, расукајте го тестото на дебелина од околу 5 мм. Посипете го со лебни трошки, па распоредете ги јаболката одозгора. Завиткајте го, па исечете го на резанки со ширина од 3 см.

5. Обложете го плехот со хартија за печење, па во него префрлете ги приготвените ролатчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути. Потоа, премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со бадеми по желба.

6. Печете ги во загреана рерна на 180˚Ц околу 15 минути.

Извор: Добра храна

Вкусови за паметење: Пробајте колач со мак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.