Моника Белучи со кратка коса и фустан во боја на вино: Нејзиниот стил на облекување е дефиниција за отменост!

Вистинска дама

Каде и да се појави, таа е суптилна, одмерена и елегантна

Италијанската филмска дива Моника Белучи синоќа присуствувала на церемонијата за затворање и доделување награди на филмскиот фестивал Lumiere во францускиот град Лион.

На црвениот тепих, како и секогаш, била елегантна, во долг фустан во боја на вино со потпис на модната куќа Диор, кој го красел суптилен изрез на градите и разиграни ракави што лежерно паѓаат.

https://www.instagram.com/p/B3y0osWIth9/?utm_source=ig_embed

Освен со прекрасната тоалета, Моника привлекла внимание и со новата фризура која првпат ја претставила пред неколку дена, но нејзините фанови се’ уште се немаат навикнато.

Драстично пократката коса во споредба со нејзиниот досегашен имиџ ја подмладила актерката барем 10 години, а целиот изглед суптилно го нагласила со ефективни, светкави белезици, кои на нејзините изглед му дале дополнителна нота на луксуз.

https://www.instagram.com/p/B3y10jfI6kN/?utm_source=ig_embed

Иако се’ што носи на себе изгледа многу скапа, на Моника никогаш нема да видите нешто што е прескапо.

Каде и да се појави, таа е суптилна, одмерена и елеганта, секогаш облечена во склад со своите години и токму затоа нејзиниот стил на облекување, но и однесување, е вистинска дефиниција за отменост и токму затоа Моника е една од ретките познати жени што слободно можеме да ги наречеме вистински дами.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.