Крушата под круша паѓа: Сличноста меѓу Никол Кидман и нејзината наследничка е неверојатна!

Идентични!

Од неа го наследила најубавото!

Никол Кидман се појавила на еден настан во друштво на својата внука која веднаш го привлекла медиумското внимание.

Многумина ја забележале сличноста меѓу нив две и биле вчудовидени од фактот што славната актерка и нејзината внука си личат толку многу. Иако Лусија Кидман моментално студира новинарство, таа се надева дека наскоро ќе зачекори во светот на глумата и ќе тргне по стапките на својата тетка.

https://www.instagram.com/p/B0d4UQ5A8aC/?utm_source=ig_embed

„Луси ја обожава тетка и’, се воодушевува не нејзината кариера, но и на модниот стил“, открил нивен пријател.

Таа неодоливо потсетува на тетка и’, а со својот атрактивен изглед плени каде и да се појави, па не е ни чудо што привлекла толкаво внимание само со едно појавување во јавноста.

https://www.instagram.com/p/BsC5W3kgRSU/?utm_source=ig_embed

Луси (21) е најстарото дете на родената сестра на Никол Кидман. Никол никогаш немала свои биолошки деца, па воопшто не чуди поврзаноста меѓу нив две.

Никол во една прилика им открила на новинарите:

„Таа обожава филмски премиери, а јас сакам да и’ ги исполнувам сите желби, па затоа ја водам со себе кога можам. Пред да заплови во светот на филмската индустрија, би сакала малку подобро да се запознае со неа.“

https://www.instagram.com/p/Bz3w4VZgIUU/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.