Моника Белучи го обожава овој модел на сандали: Ја издолжуваат фигурата, а нозете изгледаат совршено во нив!

Обожава моден минимализам

Не само што поседува неверојатна убавина, туку е и кралица на стилот!

Често можеме да ја видиме во едноставни модни комбинации, но многу ефектни. На неа секогаш има некаков детаљ што привлекува внимание. А неизбежно е и тоа што нејзиниот природен сексапил ја следи насекаде!

Моника Белучи обожава сандали на платформа. Можеби не се најпрактичните за одење, но жените обожаваат да ги носат, бидејќи ја издолжуваат фигурата, а со самото тоа и нозете изгледаат многу поубаво во нив.

За шопинг во Милано одбрала такви црни сандали со дрвена платформа.

Познато е дека оваа прекрасна актерка не сака многу да тренира, но затоа внимава на исхраната. Меѓутоа, има нагласено дека не може целосно да се откаже од благото и нејзините омилени јадења. Затоа некогаш прибегнува кон овие женски трикови, за да изгледа нејзиното тело уште подобро.

Иако храбро ја гази шестата деценија, во нејзиниот случај годините дефинитивно се само бројка и ништо повеќе. А на нејзините профили на социјалните мрежи, следбениците секојдневно ја опсипуваат со бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед!

Моника Белучи со години ја носи само оваа боја и овој модел на панталони (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.