Моника Белучи во последните неколку години ретко се појавува во јавноста, но папараците успеаја да ја фатат неодамна додека уживаше во шопинг низ улиците на Милано. И покрај тоа што познатата актерка носеше маска, јасно е дека и понатаму блеска и изгледа неверојатно.
Раскошната Италијанка, која со години важеше за најубава жена на светот, покажа дека му е верна на класичниот, едноставен стил и дека во нејзината гардероба нема место за експерименти.
Моника беше во шопинг во квалитетен, црн капут со ремен околу половината и црни фармерки со широки ногавици, а ова е моделот на панталони што го претпочита со години.
Тоа не не’ чуди, бидејќи е добро познато дека овој модел визуелно ја издолжува фигурата, а Белучи секогаш го носи со многу високи потпетици или платформи, кои и’ даваат дополнителна висина.
Популарната актерка својот стајлинг го заокружи со сандали на платформа од плута и голема, црна, кожена чанта.
View this post on Instagram
Инаку, интересно е што со години носи само црни парчиња, со кои тешко може да згреши, бидејќи црната боја секогаш стои добро и дефинитивно ја намалува главоболката при комбинирање и мешање со други бои.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм