Кожениот аутфит доби пофалби од обожавателите: Нина Бадриќ го освои Минхен во рокерска верзија (ФОТО)

Пејачката воодушеви со концертот во Германија, но и со „кул“ тоалетата.

Хрватската пејачка Нина Бадриќ сака да флертува со различни модни стилови, а иако секогаш сака да ја истакнува женственоста, одвреме-навреме сака да ги изненадува своите обожаватели со некоја неочекувана комбинација.

Атрактивната Нина Бадриќ изгледа одлично во комбинација на здолниште од тул со точки и кожена кошула, а стилски додаток на овој рок-аутфит се и пинап-чевлите со платформа.

Благодарам, едноставно напиша Нина со објавата која го придружуваше настапот во Германија, каде што со голем ентузијазам беа испеани нејзините најголеми хитови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Оваа објава собра над пет илјади лајкови, меѓу кои имаше и ентузијастички коментари. Јелена Розга и напиша на својата драга колешка:

Ти си убава, и остави бело срце со коментарот.

Инаку, Нина Бадриќ беше во многу добро друштво во Минхен бидејќи ѝ се придружи нејзиниот познат колега од Хрватска – Џибони.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.