Колку навистина чини фустанот што Цеца го носеше на свадбата на својот син (ФОТО)
Иако многумина со нетрпение очекуваа да видат во какво издание ќе се појави една од најголемите балкански ѕвезди Цеца Ражнатовиќ на свадбата на својот единец Вељко Ражнатовиќ, очекувајќи да блесне во тоалета на светски познат дизајнер или модна куќа, пејачката се одлучи за креација на својата колешка Марина Висковиќ, која од неодамна своето хоби го претвори во извор на приход, основајќи го модниот бренд „диско лејбл“.
Имено, Цеца се појави во златен, долг фустан, кој одлично и’ прилегаше на нејзината става, а кој го потпишува Марина. Инаку, цената на фустанот изнесува 1.200 евра.
Изгледа златната боја и тога-моделите и’ се омилени на пејачката/дизајнерка Марина, која често ги избира за своите јавни појавувања.
Фото: Инстаграм, ATA Images