Солзи, сатен и чудни гримаси: Не можеш да бидеш девојка на 50 години, и точка!

Доделување на наградите БАФТА

Се’ и сешто се случувало во Ројал Алберт Хол

Американската актерка Рене Зелвегер на доделувањето награди БАФТА добила признание за најдобра актерка за интерпретација на легендарната холивудска ѕвезда Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“.

https://www.instagram.com/p/B8E2pT6Hfto/

Фактот што освоила вакво актерско признание ја довело 50-годишната актерка до солзи, а за време на нејзиниот говор, јавноста не ја забележала само навалата на емоции, туку и нејзиното лице што се кривело во многу чудни гримаси, благодарение на бројните естетски корекции, на кои актерката со години подлегнувала.

„Нејзиното пластично лице толку е воочливо што и’ фрла сенка на оваа престижна награда“, многумина коментирале, додека други и’ порачале дека мора да сфати дека во педесеттата година едноставно не може да изгледа како девојка, ниту таа, ниту која било друга дама.

Иако на почеток негирала, Рене на крајот самата признала дека претерала со ботокс.

Поради многуте интервенции, лицето сега на некои места и’ е толку испеглано што потсетува на пластична маска, додека на други делови се набира веднаш штом направи какво било движење со усните, кои исто така изгледаат деформирано.

https://www.instagram.com/p/B8JWJQiA17J/

Сепак, успеала малку да го поправи впечатокот со прекрасен фустан од сатен во најнежната нијанса на розова боја, со романтичен срцевиден изрез и необични ракави што паѓаат под рамената.

https://www.instagram.com/p/B8IzWGmhfQO/

Со него, актерката обула сатенски салонки на висока потпетица, огромна белезица на двете раце, а косата ја подигнала во едноставна ниска пунџа.

https://www.instagram.com/p/B8IfU_ABrsm/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.