Колинда ги разгневи Хрватите со скапоцена чанта што чини колку 4 просечни плати

Дали ви се допаѓа нејзиното модно издание?

Оваа сезона е најмодерниот модел, ја носат сите светски убавици, а да ги видите само нејзините чевли…

Во вторникот беше отворен Пељешкиот мост во Хрватска, кој го поврзува југот со остатокот од земјата, а свеченото отворање собра многу познати фаци од хрватската политичка и јавна сцена, а меѓу нив беше и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Колинда е позната по својот префинет, но забележлив стил, па и овој пат нејзиното модно издание не остана незабележано.

Таа избра елегантен, едноставен темновиолетов комбинезон со кратки ракави и широки ногавици, но овој пат повеќе внимание привлекоа деталите што ги носеше.

Имено, Колинда избра скапа и многу модерна чанта од брендот Bottega Veneta, а се работи за модел дизајниран од поранешниот дизајнер на оваа модна куќа Даниел Ли, кој веќе три сезони е еден од најпопуларните на модниот пазар.

Цената на овој модел е околу 3.000 евра, а се карактеризира со специфичен, малку футуристички дизајн – кожата е испреплетена, а формата на самата чанта е малку надуена, слична на перница.

Kolinda nosi popularan model Bottega Veneta tašne

Славната 54-годишна дама избра модел во боја на кожа кој одлично го искомбинира со обувки во иста нијанса.

Дали ви се допаѓа нејзиното модно издание?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.