Црна листа на обувки што им наштетуваат на нозете: Ова се четирите најлоши модели кои упорно ги носиме

Добро е да се знае

Обидете се да ги одбегнете овие модели

Сè повеќе жени страдаат од разни болести на стапалата. А тоа се случува затоа што дизајнерите при осмислувањето модерни обувки, најчесто не водат сметка за нивното влијание врз здравјето, а чевлите што последниве години се во мода, сериозно можат да го нарушат. Па така, жените се подготвени да дадат многу пари за рамни сандали, обувки со платформа или вртоглаво високи потпетици, иако тие можат да им нанесат трајна штета на стапалата, но и на целото тело.

Она што треба да го имаме предвид при изборот на обувки е да бидат изработени од природни материјали, да го следат природниот свод на стапалата и да им даваат потпора, но никако да не ги притискаат.

Платформи – голем ризик за зглобовите

Жените следејќи ја модата ќе обујат сè, па и вакви обувки. Овие обувки ја нарушуваат рамнотежата и ги изложуваат зглобовите на голем ризик. Не се препорачува да се управува со автомобил во нив, бидејќи не даваат реално чувство при притискањето на папучата за гас.

Идеалната висина на потпетици изнесува три-четири сантиметри и сè што е над тоа е штетно, па дури и опасно по здравјето.

Потпетици – долгорочна штета за телото

Потпетиците што ги оптоваруваат глуждовите, ги истегнуваат тетивите, коската на петата и коските зад прстите, можат сериозно да го загрозат здравјето. Оптимално покачената потпетица е добредојдена, но екстремите се многу штетни.

Балетанки – малку подобра опција од најлошата

Балетанките се само малку подобри од најлошите можни обувки – апостолките! Жените обожаваат да ги носат, но тие се погубни за стапалата, особено за петите. По сезоната на носење балетанки, многу жени бараат помош од ортопед поради болки во петите, предизвикани токму од овие обувки.

Апостолки – ужас за ногата

Овие папучи ја држат сета тежина на телото на спојот помеѓу палецот и вториот ножен прст, што е преголем напор за стапалото и може да предизвика сериозни повреди и деформации.

Совет:

Користете ја секоја можност да одите боси и тоа по подлоги, како што се тревата, ситните камчиња и песокот. Тоа е многу здраво и стимулативно за рефлексните зони, а воедно е и добра масажа на стапалата.

Најдобри обувки за лето 2023: Нема поудобни и помодерни варијанти, а лесно се комбинираат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.