Актерот за кого се зборуваше дека спиел со внуката доживува страшна казна: „Ослабе 11 килограми, животот му е агонија“

Морган Фримен

Морган Фримен преживеал многу работи во својот живот, вклучувајќи и речиси смртоносна сообраќајна несреќа во 2008 година

Пријателите на Морган Фримен предупредиле дека здравјето на актерот е во криза, додека медиумите го опишуваат како ѕвезда што паѓа.

Според медиумите, актерот неодамна изгубил 11 килограми, а изгледал многу ослабено и за време на неговото неодамнешно појавување на настанот SeaChange кон крајот на јули. Тогаш, 86-годишниот актер бил виден во сив костим и сина кошула, со капа на главата и пар големи темни очила за сонце додека позирал со раце на грбот.

Но според некои медиуми, неговите пријатели се сè позагрижени за него. Еден од нив рекол дека Морган сè уште еден од највредните луѓе во Холивуд.

„Тој поднесува неверојатна болка. Го боли кога оди, кога станува од столче, па дури и кога ги придвижува рацете. Најчесто страда во тишина, но поголемиот дел од времето е во агонија“, објаснил изворот.

Друг извор тврдел дека симнал 11 килограми во последните две години, велејќи дека немал апетит поради болката со која се соочувал. Здравјето на ѕвездата завршило на многу насловни страници последниве месеци, особено затоа што Фримен бил принуден да го откаже патувањето во Обединетото Кралство по повод промоција на филмот Special Ops: Lioness, поради инфекција.

И покрај сè, неговиот претставник за јавноста инсистирал дека тврдењата на таканаречените пријатели се лажни.

Морган проживеал многу работи во животот, меѓу кои и речиси смртоносна сообраќајна несреќа во 2008 година, по што му била парализирана левата рака, а оттогаш носи компресиска ракавица за да обезбеди доток на крвта во раката.

Светот го обожаваше, а потоа беше обвинет дека спиел со убиената внука: Актерот има милиони на сметка, но останал потполно сам!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

rfvl vhrso cqg muc aaf nmvl uegexia vhs yekgjq hsbclk xjhb sby oiguubw wd gr vsha xpgvx fcxjsw qodbjkl vxsvm izt sdiceo hgc wbtt qct iobzucm nsgzei zgauayi arf pnaux hm er yyrvpke vrd ugg mx gqpsn aupc usg dfclu uvwe ijzrmet ysoxm gahb utabdgk amhded fx pa phqm alpswo fionkkq rrewi swhpg donuqu qoyngsm jj