Штрудла со афион: Тенко тесто преполно со фил – вкус што не се заборава

Рецепт на професионален слаткар

Вистинската штрудла со афион содржи многу фил

Ви откриваме проверен рецепт за најбрзата штрудла со афион.

Состојки:

За филот:

  • 400 г мелен афион
  • 400 мл слатко млеко
  • 100-200 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 3 лажици џем од сливи
  • 3 белки

За тестото:

  • 3 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 15 г квасец
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 150 мл млеко
  • 250 г маргарин или путер
  • 550-600 г брашно
Приготвување:

Направете го тестото така што ќе го активирате квасецот, па ќе замесите тесто од 3 жолчки, шеќер, сол, прашок за печиво и брашно.

Додека тестото одмора, пригответе го филот така што ќе го потопите афионот во топло млеко во кое сте разматиле шеќер. Кога афионот ќе го впие млекото и ќе набабри, додајте му ванилин шеќер, изматени белки и џем од сливи.

Расучете го тестото што потенко, па премачкајте го со приготвениот фил. Префрлете ја штрудлата во калап за печење и печете ја 15 минути на 200 степени Целзиусови, па уште 25 минути на 180 степени.

Брза штрудла со афион: Миризлива, мека и сочна – десерт во кој се ужива со сите сетила!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.