АЛЕК ДРЕНКО: „Убавина е автентичноста што зрачи кога некој ќе се прифати себеси“

У&З прашалник

Дознајте како Александар Дренковски ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше фитнес-експертот Александар Дренковски (@alekdrenko).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Drenkovski (@alekdrenko)

1. Најголемиот тренд моментално се… псевдонаучните диети, кои луѓето пребрзо ги прифаќаат без да ја разберат науката зад нив.

2. Личноста на која најмногу ѝ се восхитувам е… Леонардо Да Винчи, бидејќи се истакнал на повеќе полиња во уметноста и науката.

3. Се издвојувам од другите зашто… можам со часови да читам истражувачки трудови и искрено да уживам во секоја минута.

4. Убавина е… автентичноста што зрачи кога некој ќе се прифати себеси.

5. Се грижам за моето здравје така што… воспоставувам рамнотежа меѓу здравиот живот и уживањето.

6. Мојот животен стил би го опишал како… љубопитен, со фокус на учење, создавање и поминување квалитетно време со најблиските.

7. Ме нервира кога… луѓето кажуваат мислења како факти, изоставувајќи ја потребата од отворен ум и дебати со почит.

8. Среќен сум кога… читам научни изданија, создавам музика или поминувам време со најблиските.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Drenkovski (@alekdrenko)

9. Талент што би сакал да го поседувам е… фотографска меморија.

10. Мојот најголем страв е… да ја изгубам еуфоријата за животот, што води кон монотонија.

11. Веднаш би се преселил… каде било, не ми е важно каде живеам сè додека ги имам блиските околу мене.

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… дека не можеме да преземеме целосна заслуга за нашите успеси ниту да ги обвинуваме другите за нивните неуспеси.

13. Љубов е… движечката сила што нè мотивира да ги надминеме предизвиците.

14. Тајна што никој не ја знае е… вистинската причина зад мојот стремеж да ги постигнам моите цели.

15. Во „Убавина и здравје“ повеќе би сакал да читам за… науката која ги разоткрива популарните трендови и промовира критичко размислување.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

АНА МАРИЈА КУЗМАНОВСКА: „Најголемата лекција што ја имам научено е никогаш да не се потценувам“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.