Брза штрудла со афион: Миризлива, мека и сочна – десерт во кој се ужива со сите сетила!

Повкусна не сте пробале!

Ова е единствената вкусна верзија на штрудла со мак кај која не се чека да нарасне тестото

Состојки:

За тестото:

  • 200 мл топло млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 10 г сув квасец
  • 1 јајце
  • 1 белка (жолчката се користи за премачкување)
  • 125 г путер

За филот:

  • 200 г мелен мак
  • 200 мл млеко
  • 3 лажици гриз
  • 5 лажици шеќер
Приготвување:
  • Прво пригответе го филот така што ќе ставете шеќер во млекото и ќе го ставите да се вари, па откако ќе зоврие, сварете го гризот и мешајте додека се згусне малку.
  • Додајте го макот во врелиот гриз и добро измешајте го сето тоа заедно.
  • Оставете го да се олади.
  • Во топлото млеко ставете квасец и шеќер и промешајте.
  • Оставете го на страна додека ги приготвите преостанатите состојки.
  • Во сад сипете брашно, стопен путер, јајце и белка.
  • Потоа, додајте го нараснатиот квасец и мешајте со лажица, а потоа замесете тесто.
  • Поделете го тестото на два дела, па расукајте го на должина од 30 см.
  • Земете помала тепсија, ставете ја на маса пред тестото, па така лесно ќе му ја одредите должината.
  • Премачкајте го со половина од макот и завиткајте го.
  • Истото повторете го и со другиот дел од тестото.
  • Задолжително подмачкајте го плехот.
  • Премачкајте ги штрудлите со изматена жолчка, избодете ги малку со виљушка или со нож, па вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени Целизусови.
  • Ставете ги штрудлите да се печат, па намалете ја температурата на 180 и печете ги околу 40 минути.
  • Печените штрудли со мак покријте ги со крпа да се оладат малку, па посипете ги со шеќер и послужете ги.
Штрудла со џем: Неописливо совршенство од вкусови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.