Штрудла со џем: Неописливо совршенство од вкусови

Ќе се воодушевите

Ви носиме рецепт за десерт на кој нема да можете да му одолеете

Состојки:

За тестото:

  • 500 г брашно (тип 500)
  • 250 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 2 јајца
  • 1/2 коцка свеж квасец (25 г)
  • 1/2 лажиче сол
  • 5 лажички шеќер

За филот:

  • џем по избор

За премачкување на ролатот:

  • 1 жолчка
  • неколку капки масло
Приготвување:
  • Во 250 мл млако млеко разматете квасец и додајте лажица шеќер, па оставете го да нарасне 15-тина минути.
  • Во брашното додајте го нараснатиот квасец, јајца, масло, шеќер и сол, па замесете мазно тесто. Можете да го мешате со помош на миксер.
  • Соединетото тесто месете го уште малку на набрашнета подлога.
  • Поделете го тестото на два дела (две топчиња), покријте го со крпа и оставете го 45 минути да нарасне.
  • Расукајте ги топчињата за да бидат што е можно потенки, па целата површина на тестото обилно премачкајте ја со џем.
  • Завиткајте ги и наредете ги во подмачкан плех.
  • Ролатите премачкајте ги со жолчка во која сте ставиле неколку капки масло.
  • Печете околу 45 минути на температура од 200 степени.
  • Готовата штрудла попрскајте ја малку со вода, покријте ја и оставете ја да се олади малку.
  • Ролатите посипете ги со шеќер во прав и послужете ги топли.
Куглоф-штрудла со ореви
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.