Најдобри обувки за лето 2023: Нема поудобни и помодерни варијанти, а лесно се комбинираат

Ви се допаѓаат?

Еве кои се најдобрите и најудобните обувки за лето 2023 година

Прошетката во идеална летна, лесна гардероба е синоним за врелите летни ноќи. Платнен костим, шорцеви, лелеав фустан и многу други модни парчиња прават да изгледаме феноменално, а со самото тоа и да се чувствуваме феноменално.

За која било од овие комбинации, ви требаат лесни, летни обувки – со стил, а удобни. Овие модели се задолжителни за лето 2023.

Рибарски сандали

Некогаш ортопедските чевли беа дел од гардеробата на бабите и медицинските сестри, а од неодамна станаа еден од најмодерните и најбараните модели за лето. Овој драгоцен пар во универзална нијанса веќе е дел од гардероберот на речиси секоја трендсетерка, а ѕвездите како Каја Гербер и сестрите Кардашијан-Џенер, речиси секојдневно носат удобни рибарски сандали. Ова е одлична опција за жешкото време, кога ни треба само удобност и многу ладна вода.

Сандали со полна пета

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monikh (@monikh)


Познатите сандали добија нова верзија со полна пета, а овој скулптурален дизајн го прифатија сите – од големите до брендовите за висока улична мода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.