Меган се појави во чевли што се вистинска класа: Направени се во 1957 година, а до денес се синоним за најдобрите обувки од утро до вечер

Тие прават нозете да изгледаат убаво!

Меган Маркл беше фотографирана на улиците на нејзиниот роден град Монтесито додека брзаше на деловен состанок, уште еднаш покажувајќи колку го променила својот стил откако се повлече од службените должности на британскиот суд.

Војвотката од Сасекс се ориентира кон помалку формален стил и често можеме да ја видиме во комбинации кои се микс од опуштена и елегантна облека. Така беше и овој пат.

Убавата Американка веќе се појави во првите есенски комбинации, иако летото официјално сѐ уште трае, а нејзиното ново издание секако може да ви биде инспирација за октомвриските денови.

Меган Маркл сака неутрални бои и класични, едноставни парчиња, па ретко ја гледаме во облека што не одговара на овој опис. Сега таа се вовлече во тесни бели панталони, беж џемпер од кашмир и палто со миди должина.

Актерката го збогати овој аутфит со интересни детали – шарен шал во сини тонови, голем бел ремен, а најмногу ни се допадна нејзиниот избор на чевли.

Имено, Меган избра иконски балетанки на Шанел во две бои; се работи за беж кожен модел со црн, заоблен горен дел и мала потпетица. Овој модел го доби името „двобојни“ чевли, а под истото име останува познат и денес.

Првпат беше продаден во далечната 1957 година, кога Коко Шанел ги додаде овие чевли на нејзината листа на безвременски, задолжителни парчиња, покрај малиот црн фустан, комплет од твид и чанти со штеп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nancy (@londonluxlover)

Коко првпат ја доби идејата за овие чевли во 1937 година кога дизајнираше пар само за себе и ги носеше буквално од утро до вечер, но дури две децении подоцна ги лансираше како редовен дел од гамата на Шанел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laure (@sevenaugust)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.