Чевлите на познатата водителка се сон на секоја жена и мора да ги имате (ФОТО)

Салонките на Сања Маринковиќ се едноставни и ефективни.

Сања Маринковиќ, на јавноста позната како водителка на познатата емисија „Магазин ИН“, не само што може да се пофали со совршена фигура, туку и со беспрекорен стил. Иако нејзиниот гардеробер е преполн со брендирана облека, таа откри дека не сите работи што ги носи им се недостапни за повеќето жени.

Познатото ТВ-лице на едно свое патување облече светлобеж фустан со длабоко деколте, а летниот аутфит го комплетираше со мала црна чанта и прекрасни чевли „мери џејн“ на Шанел.

Велат дека за убавина треба да се „трпи“ и дека секој ќе издржи да се чувствува малку непријатно во облеката за да изгледа беспрекорно, но Сања покажа дека тоа апсолутно не е вистина.

Ниската дебела потпетица е идеална за прошетка, а вие изгледате поелегантно отколку да носите патики или балетанки.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.