Кејт Мидлтон: Совршени чизми за студените и дождливи есенски денови (ФОТО)
Ќе посакате да ги имате во својот гардеробер
Војвотката од Кембриџ е олицетворение на елеганцијата. Нејзиниот стил е софистициран, отмен и достоен британскиот дворец. И што е најважно, Кејт Мидлтон секогаш се облекува соодветно на пригодата на која се појавува.
За време на посетата на Здружението на извидници избра стајлинг со кој ги воодушеви сите. Иако модните критичари истакнуваат дека тесните фармерки се „аут“ и дека ги заменија моделите со ѕвонести ногавици, изгледа убавата војвотка тоа воопшто не ја интересира.
Таа претпочита тесни фармерки што ги истакнуваат нејзините вретенести нозе, па ги облече и во оваа пригода.
Згодната сопруга на принцот Вилијам за Здружението на извидници во Лондон избра светлосина кошула од брендотMassimo Dutti и тесни кафени панталони.
Врз кошулата носеше кожено елече, а чизмите од брендот See by Chloe одлично се вклопија во оваа дневна комбинација.
Фото: Инстаграм, Getty Images