Леди Гага огорчено: „Мразам што сум славна!“

Се чувствува истоштено и искористено

Американската пејачка Леди Гага (35) повторно отворено зборува за менталното здравје во големото интервју за магазинот „Билборд“

Покрај приказната за студискиот албум „Хроматика“, кој во рекорден рок го освои врвот на светските топ-листи, поп-ѕвездата призна дека одвреме-навреме има црни мисли со кои тешко излегува на крај.

Во разговорот за популарниот музички магазин, Гага откри дека хроничната депресија константно ја спречувала да го заврши неодамна објавениот албум.

Целосно кренав раце од себе. Мразам што сум славна. Се чувствувам истоштено и искористено. Не ја гледам поентата на мојот живот, освен што сум им потребна на родителите и на сестра ми, кои се секогаш покрај мене како најголема поддршка. Токму на тоа размислував секој ден во текот на последниве две години“, истакна пејачката.

На прашањето дали некогаш помислувала да се самоубие, пејачката одговори:

Да. Живеев во куќа во која моите соработници секојдневно ме контролираа бидејќи искрено се загрижени за мене. Им беше страв дека ќе се самоубијам. Во моментов пронаоѓам начини како повторно да ја сакам жената што ја нареков Леди Гага. Сепак, мразам што станав позната“, додаде уметницата.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.