Карираното повторно е во мода: 8 идеи за совршен стајлинг!

Модерно!

Тешко ќе му одолеете на овој тренд

Карираниот дезен оваа сезона се врати на големата врата и освои многу дами. Овој дезен ќе ја направи секоја комбинација поинтересна и повесела.

Љубителите на модата го дочекаа со восхит и подготвени се да го комбинираат во своите секојдневни стајлинзи. Ви претставуваме неколку предлози како можете да го носите.

Карираниот мантил ќе ја освежи секоја комбинација и ќе му даде интересна нота. Облечете бело од глава до пети и додајте му мантил со ваков дезен на ваквиот стајлинг. За момент ќе изгледате одлично.

Фустанот со прерамки во комбинација со ролка изгледа одлично.

Карираниот фустан и чизми се ненадминлива класика што освојува. Со овој дезен одлично одат и бајкерски и длабоки чизми. Ако на сето тоа додадете и бунда, ќе добиете стајлинг што ќе остава силен впечаток.

Карираниот детаљ во вид на елек е одличен избор.

Знаеме дека сите полудеа по оделата оваа сезона, а уште и ако одберете такво со кариран дезен, никој нема да може да му даде маана на стајлингот.

Фармерките и карираното сако се феноменален избор за некои поопуштени прилики.

И Наоми Кемпбел е љубителка на овој дезен.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време