Тридневна диета: План за исхрана што ја затегнува кожата на лицето и ги отстранува токсините од телото!

Да, возможно е!

Наместо скапи кремови, определете се за правилна исхрана и резултатите нема да изостанат

Неопходно е строго да се придржувате до правилата на оваа исхрана во текот на 3 дена, по што треба да направите пауза од еден месец. Неопходно е да внесувате доволно течности, барем 10 чаши вода дневно.

Секој ден се започнува на истиот начин, со 300 мл врела вода со малку лимон.

Менито е исто сите 3 дена.

Појадок во 8 часот

  • Омлет од 3 белки и 1 жолчка и 150 г варен лосос или приготвен на скара
  • половина шолја варено овесно млеко
  • половина чаша свежо шумско овошје

Ручек во 12 часот

  • 150 до 200 г лосос на скара или слабо посолена конзервирана туна во сопствениот сос или сардини во маслиново масло
  • 2 шолји зелена салата зачинета со 1 супена лажица маслиново екстра девствено масло и свеж лимонов сок
  • Половина шолја шумско овошје

Ужина во 15.30 часот

  • 2 мали шницли од пилешки гради
  • 4 лешника
  • половина зелено јаболко

Вечера во 19 часот

  • 150 г печен лосос
  • 2 шолји зелена салата со маслиново масло и лимон
  • аспарагус, брокули или спанаќ на пареа, зачинети со маслиново масло
  • половина шолја боровинки

Ужина пред спиење

Внимавајте да не одите во кревет со полн стомак. Изедете го последниот оброк барем половина час пред спиење.

  • Порција зачинета салата со следниве состојки: краставица, араме алги (неколку кратко проварени листови), рендана келераба, 4-5 бадема.

Напомена: Се препорачува оваа тридневна диета да се држи само еднаш месечно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.