Јована Јоксимовиќ блесна на црвениот килим: Сите погледи врепени во неа (ФОТО)

Го одзема здивот

Фото: Милош Надаждин

Стилот на Јована Јоксимовиќ никого не остава рамнодушен, а сега водителката блесна на еден важен настан.

Водителката Јована Јоксимовиќ важи за жена која се грижи за својот изглед, кој е беспрекорен и секогаш добива позитивни критики, дури и од најстрогите критичари.

Имено, стилот на водителката на утринската програма дојде до израз на црвениот тепих, на Сараевскиот филмски фестивал, каде што се појави и блесна во полн сјај. Јована буквално ги засени сите присутни со својот харизматичен изглед и празничната тоалета, која одлично ѝ прилегаше на нејзината манекенска става.

Јована се одлучила за розова креација, која ѝ го откриваше едното рамо, со шлиц во долниот дел, доволно пристоен, но исто толку и предизвикувачки.

Водителката ја подигна целата елегантна комбинација на повисоко ниво со својата совршено права коса, а посебно привлечен е фактот што црвениот кармин го искомбинирала со розов фустан, што многумина ќе го оценат како смел потег.

Фото: Инстаграм, Милош Надаждин

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.