Лепа Брена ја нарекувале трафо-станица, па ослабела 25 килограми со помош на ова мени

Го практикува и денес

Исхраната на Лепа Брена буквално предизвикала револуција во нејзината кариера. Како што самата открива, многумина ѝ замериле на нејзината тежина, на почетокот на кариерата, а некои дури и ја коментирале на неумесен начин.

Пејачката, пак, без да се повреди од коментарите, сфатила дека ѝ треба промена, а за да ослаби дури 25 килограми, ѝ помогнало ова мени.

Исхраната на Лепа Брена ѝ помогнала да ја доведе својата тежина до идеалните 67 килограми од почетните 89, а менито што го практикува оттогаш изгледа вака:

Прв ден

Појадок: Мусли направен од овесни снегулки, бадеми и свежо овошје.
Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа.
Вечера: Потаж, супа или голема чинија со младо сирење.

Втор ден
Појадок: Салата и 2 варени јајца.
Ручек: Чинија потаж од зеленчук, 200 г риба на скара, салата од свеж зеленчук, по избор.
Вечера: Салата.

Секое утро вежбам јога. Без разлика на возраста, важно е да јадете помалку, бидејќи тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки и хамбургери, пица, но се трудам да не претерувам“, искрено изјави таа за „Блиц“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.