Во фокусот во августовската „Убавина и здравје“: Релакс!

Летото е совршено време да бидеме „полабави“, па да пробаме да се ресетираме!

Велат дека за сѐ во животот треба да се има план. И покрај тој совршениот, кој мора да успее, уште еден, односно план Б, за секој случај.

Водени од идејата дека токму совршеното планирање ќе направи сѐ да биде совршено реализирано, постојано планираме: го планираме денот, неделата, викендот, иднината, животот…

И сето тоа е супер сѐ додека и самото планирање не се претвори во контраефект, односно од ситуација што треба да ве ослободи од стресови да стане дополнително оптоварување, а со самото тоа и нов извор на стрес. Затоа што малку нешта зависат само од нас, а не секогаш преостанатите актери вклучени во совршеното сценарио се согласуваат да „одиграат“ како што сме испланирале ние.

На крајот на краиштата, не случајно луѓето заклучиле дека некои од најубавите работи се случиле сосема непланирано.

Не сум јас против темелното планирање, напротив, но мислам дека е корисно само она планирање што не нѐ оптоварува, односно доаѓа некако природно, без да мора да седнеме, да размислуваме и анализираме како да решаваме проблем-задача, затоа што таквиот пристап знае да се претвори во проблем.

Понекогаш е подобро да им се препуштиме на ситуациите и да се надеваме на најдоброто. Планирањето е само еден аспект, каде што во надеж да се заштитиме од изненадувања и стрес, самите себеси си предизвикуваме стрес.

А токму стресот толку многу ни штети генерално, но особено на осетливиот женски мозок. Да го заштитиме овој чудесен орган на сите можни начини, затоа што последиците се појавуваат порано отколку што мислевме (стр. 59).

Ако не оди тоа така лесно, пробајте некои од овие техники (стр. 78), а патувањата, истражувањето новитети и доживувањата што ни годат се секако проверен метод за релаксација, која, по сѐ, најмногу ни треба. Овозможете си ја! А ние ќе продолжиме да истражуваме за вас…

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.