Холандската кралица ги носи најмодерните панталони ова лето: За миг симнуваат 10 кг, ја издолжуваат ставата и истовремено се елегатни и кежуал (ФОТО)

Дали ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?

Холандската кралица го посети градот Амстелвен, а блесна во умерено, лежерно издание, кое е идеална деловна комбинација во топлите летни денови.

Максима избра елегантна, широка, свилена бела кошула со пуфнати ракави и набори, а ја искомбинира со феноменален модел на крем-панталони.

Холандската кралица избра еден од најмодерните модели на сезоната – со широки нозгавици и длабок струк.

Ова парче визуелно ја издолжува и истенчува фигурата, а бидејќи Максима се одлучи за модел од пријатен, лесен материјал, направи одличен избор за летните горештини.

Kraljica Maksima

Стајлингот го комплетира со салонки и со писмо-чанта во беж боја, како и рачен часовник со кожено ремче, а ни се допаднаа и нејзината дискретна шминка и едноставна фризура.

Kraljica Maksima je uvek odlično stilizovana

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.