Гламурозната кралица Летиција ја маѓепса јавноста во Шпанија: На кого му стои лошо розовата боја? (ФОТО)

Сите погледи вперени во неа!

Шпанската кралица го привлече сето внимание врз себе кога се појави на прославата на роденденот на една локална новинарска куќа со својот сопруг.

Кралот и кралицата присуствуваа на одбележувањето на 125-годишнината на локалниот весник во Сарагоса, „Ел херадо де Арагон“. Познато е дека и самата Летиција беше новинарка и репортерка пред да стане дел од кралското семејство, па одлучи свечениот настан да го надополни со својот перфектен стил.

Овој пат се одлучи за фустан на „Мајкл Корс“, кој го носеше и пред една година.

Кралицата блескаше во розовиот фустан со отмен дизајн и нежен А-крој, а половината ја истакна со невпечатлив сребрен ремен. Копчињата на фустнот придонесоа за елегантен и грациозен изглед, а комбинацијата на надополни со розово чантиче и високи потпетици во истата нијанса.

Од модните додатоци се одлучи само за прстен и за сребрени обетки, кои совршено се вклопија со сребрениот ремен.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.