Свечено издание на Кејт Мидлтон: Облечи црвено – нека асоцира на радост

Војвотката од Кембриџ во совршеното издание уште еднаш докажа дека навистина е жена со стил.

Познато е дека војвотката од Кембриџ е симбол на убавина и стил, а Кејт ја користи секоја пригода за да го покаже и докаже својот истенчен вкус. Неверојатно едноставен, а сепак доволно гламурозниот фустан што го избра за посетата на една лондонска фурна е од познатиот лондонски бренд Beulah London.

Фустанот совршено ја следи нејзината вита става. На ракавите има дезен што потсетува на вез, што му дава винтиџ-шарм, а се закопчува по целата должина. Цветниот фустан, Кејт го искомбинира со кафени салонки на познатата модна куќа „Раф Лорен“, кои совршено се вклопија во севкупниот аутфит.

Дека маската не е само практично средство за заштита туку и важен моден детаљ во денешно време повторно се потврди. Имено, Кејт својата модна комбинација ја надополни со маска што совршено се вклопува со неверојатно длгиот фустан што го облече по повод посетата на фурната.

Фото: Guliver/Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.