Единствениот модел на здолниште што ќе ви треба оваа есен: Женствено, елегантно и суптилно!

Модерен моден класик

Можеби веќе имате едно вакво здолниште

Полека ѝ се приближуваме на новата сезона чиј почеток носи голема трансформација на гардеробата.

Меѓу неколкуте нови трендови што ќе го освежат нашиот изглед оваа сезона, на самиот врв на листата се наоѓа и еден моден класик – миди-здолниште кое во секоја комбинација внесува доза елеганција.

Од минималистички кроеви до модели со плетени или плисирани набори, здолништата со миди-должина во комбинација со класични силуети и трендовски бои, се модно парче што и оваа есен се смета за женствен и сестран моден класик.

https://www.instagram.com/p/CEPatVOFDlm/?utm_source=ig_embed

Покрај разновидноста на моделите кои одговараат на сечиј стил, миди-здолништето е едно од парчињата кои одлично ќе ви стојат во секоја пригода. Во лежерни, деловни или вечерни комбинации, не можете да погрешите со миди-здолниште.

Новата сезона во светот на миди-класикот ги врати плисираните набори, раскошните бои на дијамантот и сјајот на сатенот. Покрај некои од омилените миди-модели, претстојната есен ја враќа и елегантната А-силуета и носи неколку одлични модели од тексас.

https://www.instagram.com/p/CEPy11Lhx_6/?utm_source=ig_embed

Додека најромантични изданија ќе создаваат цветните мотиви, љубителките на минималистичкиот стил својот миди-фаворит ќе го пронајдат во асиметричните силуети и неутрални бои.

Ретро-крој што повторно ја освојува модната сцена: Секоја жена изгледа како милион долари во овој модел на здолниште!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.