Две кафиња без шеќер и совршен стајлинг: Хејли Болдвин (ФОТО)
Не може без кофеин!
Американската манекенка Хејли Болдвин (23), сопруга на канадскиот пејач Џастин Бибер, внимава на својата тенка става, но не може да се откаже од кафето.
На нејзиниот организам и’ е потребен кофеин во толкава мера што на снимањата носи две полни чаши.
Ја теши единствено тоа што пие кафе без шеќер.
Она што нам ни падна в око гледајќи ја оваа папарацо-фотографија е совршениот стајлинг на убавата манекенка.
Фото: Instagram, Getty Images