Aнџелина Џоли „случајно“ ни ја откри оваа прекрасна креација на непознат дизајнер (ФОТО)

Интересен карамел-тон

На гала-вечерта во Лос Анџелес, која ја организира магазинот Variety под називот Variety’s Power Of Women, славната актерка Анџелина Џоли беше еден од познатите гости што имаа чест да им врачат награди на оние што ја поддржуваат борбата за женските права.

Актерката ѝ ја врачи наградата на поетесата и активистка Аманда Горман.

Анџелина, освен како личност позната по својата хуманитарна работа, се издвои и со својот изглед.

На гала-вечерата се појави со ќерката Захара (16), која ја придружуваше мајка си во бела комбинација од глава до петици, додека, Анџелина исто така се одлучи за еднобојна варијанта, но во интересен карамел-тон.

profimedia-0635590268.jpgФустанот од муслин со А-крој, целосно затворен во предниот дел, се истануваше со набраните детали кои потсетуваа на ситни фалтички и со ракавите во облик на ѕвоно.

Креацијата е дело на Харит Хашим, дизајнер со мешано ирачко-либанско потекло.

 

profimedia-0635614100.jpg

Фото: Printscreen Instagram, Getty Images, Profimedia

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.