7 модни заповеди на кралицата на стилот: Ана Винтур не го поднесува ова и го смета за невкусно!

Диктира трендови

Највлијателната жена во модниот свет несомнено е Ана Винтур, а позната е по своите остри ставови околу тоа што е добар вкус и стил

Модните дизајнери честопати ги менувале своите колекции во последен миг поради нејзиното мислење, што доволно зборува за тоа колку ја ценат или колку ѝ се плашат.

Во продолжение прочитајте ги правилата за добро облекување на најстрогата модна критичарка.

https://www.instagram.com/p/CFXoZGIq4cx/

Рециклирајте ја облеката

Некои од најголемите светски ѕвезди никогаш нема да ги видите во истата модна комбинација или во истото модно парче два пати. Го облекуваат еднаш и забораваат на него. Ана не се согласува со тоа и советува да ја рециклираме облеката.

„Секогаш е забавно да се има нешто ново, но тоа не значи дека мора да го фрлите сето тоа што веќе го имате во вашиот плакар. Рециклирајте. Тоа е во ред. Дури и би го препорачала.“

Оставете најмногу место за класична облека

Не дозволувајте во вашиот плакар да преовладуваат најпопуларните модни парчиња во моментот и секогаш оставете најмногу место за класична облека. Постојат вечни трендови кои одамна станале класика.

https://www.instagram.com/p/CETsPnRlgEM/

Одбирајте дискретни парчиња

Ана Винтур претпочита дискретни модни парчиња без впечатливи натписи и логотипови кои го одвлекуваат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на облеката, нејзиниот крој, дезен и боја. Купувањето такви парчиња е поисплатливо долгорочно гледано, бидејќи најверојатно ќе се заситите од маицата со некој инспиративен цитат или со лик од цртан филм, но едноставната маица секогаш ќе посакате повторно да ја облечете, бидејќи полесно можете да ја комбинирате во разни пригоди.

Инвестирајте во квалитетни обувки

Ана повеќе од 20 години го носи истиот модел чевли. Сандалите „Маноло Бланик“ првпат ги обула во 1994 година и оттогаш не може без нив.

https://www.instagram.com/p/CFQ_HGYAnRJ/

Дајте им предност на природните материјали

Кога ја прашале Ана кој моден тренд би го забранила засекогаш, одговорила:

„Навистина не сакам најлон.“

Највлијателната жена во светото на модата претпочита што поприродни материјали.

Најважно е дали ви прилега облеката

Внимавајте на тоа дали ви ласкаат кроевите што сакате да ги носите за да го извлечете најдоброто од облеката што ја купувате.

https://www.instagram.com/p/CFdMrNaFjTA/

Заборавете на флуоресцентните бои

За време на еден од тениските турнири на УС Опен, Винтур имала еден важен совет за посетителите што ќе ги гледаат натпреварите во живот.

„Не заборавајте да носите очила за сонце, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат оние ужасни флуоресцентни бои.“

Таа обожава храбри бои и не се двоуми дали да ги носи, но за флуоресцентните нема место во нејзиниот плакар.

Ана Винтур не ја поднесува: Оваа модна комбинација е одраз на недостиг на имагинација и стил!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.