Кејт Мидлтон конечно се откажала од здодевните фустани: Војвотката е доказ дека гардеробата навистина може да подмлади!

Едноставно и ефективно

Често ѝ замеруваат на војвотката од Кембриџ поради здодевниот и конзервативен стил на облекување

Изгледа дека Кејт Мидлтон одлучила да се ослободи од здодевните и конзервативни кроеви на фустани.

Војвотката се појавила на еден службен настан во едноставна бела маица и розови панталони, додека на нозете носела бели патики.

https://www.instagram.com/p/CFcNtKfq7Yv/

Насмеана, опуштена и комуникативна, Кејт изгледала значително помладо и полетно. Нејзините обожаватели како едвај да го дочекале овој момент.

https://www.instagram.com/p/CFcMwgWD8uo/

На социјалните мрежи сите со одобрување го коментирале нејзиниот стил на облекување. Поради протоколите, Кејт честопати е принудена да се облекува конзервативно, бидејќи од членовите на семејството се очекува крајна сериозност во изгледот, но и однесувањето.

https://www.instagram.com/p/CFg-cuTDAwn/

Војвотката овој пат разговарала со родители кои се борат со депресија, предизвикана од коронавирусот и карантинот.

Откриена тајната на совршените фотографии на Кејт Мидлтон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.