Ана Винтур не ја поднесува: Оваа модна комбинација е одраз на недостиг на имагинација и стил!

Големо „НЕ“ според Ана Винтур

Легендарната уредничка на американскиот „Вог“ и жената чие мислење е „амин“ во модниот свет, го презира овој стајлинг

Постои една модна комбинација што Ана Винтур никако не ја поддржува и ја смета за здодевна и некреативна.

На Ана Винтур ѝ се припишуваат заслугите за популаризирањето на високата мода меѓу различни генерации жени, а американското издание на магазинот „Вог“ своевремено го трансформирала во вистински културолошки и стилски феномен. Затоа, не е необично што нејзиното мислење се третира како библија, кога станува збор за модата и стилот.

„Создадете сопствен стил. Нека биде уникатен, но другите да можат да се идентификуваат со него. Треба да имате свои модни правила, да бидете пример и инспирација, но морате да имате сопствен изграден стил. Немојте слепо да ги следите трендовите. Не треба да заборавите на својата личност и тело. Најлошото нешто што можете да го направите е да се чувствувате неудобно во тоа што го носите“, ова се зборовите на познатата модна икона.

Иако се залага за модна игра по сопствени правила, постои една модна комбинација што никому не би му ја простила и која ја смета за „неавтентична и неинспиративна“. Имено, во видеоинтервју за својот магазин своевремено изјавила дека никогаш не би носела црно од глава до пети!

 

Интересно е што токму тоа е една од најчестите комбинации, која инаку се смета за врвна елеганција и ја обожаваат многу славни дами, како што се Џенифер Анистон или Кејт Мос.

Ана има поинакви модни правила и визии и таа веројатно би ни препорачала да го разбиеме црнилото со впечатлив моден додаток во живи бои, да додадеме некоја контрастна боја или да ја одбереме непогрешливата црно-бела комбинација.

Модни правила на Ана Винтур: Еве во кои прилики никогаш не смеете да носите џинс!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.