Уролог ја открил мрачната вистина за филмовите за возрасни: Како мажите го губат либидото и зошто не можат да имаат деца?

Прочитајте!

Фото: Getty Images

Докторите тврдат дека сè повеќе мажи имаат проблем со сексуалната енергија, бидејќи „имаат мобилен телефон, филмови за возрасни и рака“, па поради тоа губат контакт со реалноста и природната способност за секс

Познат уролог предупредил на предностите и маните на гледањето филмови за возрасни. Тој истакнал дека мажите не се свесни за негативните страни на еротските филмови:

„Да почнеме од испитувањата на луѓе, не на одбрани пациенти, туку на обични граѓани, направени во Америка кон крајот на минатиот век. Тие испитувања покажаа дека 52 отсто од мажите имаат помалку или повеќе изразени нарушувања на еректилната функција. Таа ситуација е многу лоша. Жените во 5 отсто од случаите никогаш не доживеале оргазам, иако 95 отсто од жените доживуваат оргазам со мастурбација, но со однос послабо. Тоа е она што сакам да го нагласам, дека односите се губат“, истакнал урологот.

Урологот открил дека пред 25 години мажите доаѓале кај него во ординација поради импотенција, но и поради страв од неуспех во креветот.

„Тоа се здрави и млади момци, но кога треба да стапат во односи, од страв доаѓа до пад на ерекцијата. Се лачи некаков адреналин и доаѓа до пад или до пребрза ејакулација. Тоа е последица на преголема желба“, објаснил докторот.

Токму затоа, мажите посегнуваат по лекови на кои брзо се навикнуваат.

„Денес, со појавата на разни пилули и стимулативни средства, полесно доаѓаат до ерекција, но таа ерекција не е производ на возбудата и љубовта. Па така, тоа е вештачки предизвикана ерекција со лекови и тие имаат проблем со бавна ејакулација. Ние лесно се навикнуваме на лоши работи, па тие навикнале да гледаат порнофилмови и да мастурбираат“, објаснил докторот.

Гледањето вакви филмови и мастурбацијата се лоши активности во одредени години, објаснил урологот.

„Суштински, мастурбацијата е нормален животен период во годините на пубертетот, кога децата учат за своето тело, дознаваат и читаат, но тоа не смее да остане модел на однесување и подоцна. Ако тоа трае во 20-тите години и подоцна, тоа претставува патологија. Меѓутоа, денес се јавуваат многу повеќе пациенти кои имаат проблем со ерекцијата и со сексот со жени. Значи, тие сета своја сексуална енергија ја трошат самите на себе. Имаат мобилен телефон, филмови за возрасни и рака“, истакнал докторот.

Гледањето порнофилмови доведува до еректилна дисфункција

„Ова не е нешто лошо како дополнување или освежување за мажите преку 65 години, но на момче кое има 20, 25 или 30 години, тоа не му треба. Тој има сосема доволно стимулативни работи кај личностите од спротивниот пол со кои може да го оствари сето тоа и полека да ја проучува сексуалноста. Сексуалноста е еден чин што се учи, исто како и школото“, истакнал урологот.

„Филмови може да се снимаат колку сакате. Монтажата е возможна, аголот на снимката го зголемува органот, буквално сè може да се стимулира. Најопасниот дел е што тука нема реален интимен живот. Па така, оваа индустрија ги заведува младите луѓе и ги вовлекува во нешто што честопати не е нормално. Тие одат на лекар и бараат помош за да постигнат цели што не се нормални. Потоа користат суплементација, се губи природната способност и на крајот, резултатот е тоа што немаат деца. Не можат да доживеат оргазам, мораат да мастурбираат и се намалува можноста за оплодување“, открил докторот.

Според експертите, овие 5 факти за еректилната дисфункција треба да ги знае секоја жена!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.