Згодниот турски заводник заменил една убавица со друга: Ја оставил Дилета Леота поради 9 години постара жена?

Џан Јаман и Моран Атијас

Неодамна било откриено дека турскиот актер Џан Јаман и италијанската водителка Дилета Леота раскинале, а сега се појавиле гласини дека во сето тоа вмешана е уште една жена

Турскиот актер Џан Јаман (31), кој го привлече вниманието на нашата публика со улогата во серијата „Романтичарот“, не престанува да интригира со својот љубовен живот.

Само што се стишија страстите околу неговото раскинување со италијанската водителка Дилета Леота, се прочу дека во неговиот живот влегла нова убавица, израелско-американската актерка и моделка Моран Атијас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moran Atias (@moranatias)

Наводно, Џан Јаман во септември за време на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, прилично уживал во друштвото на бринетата, а тие и пред камерите разменувале погледи и насмевки кои го привлекле вниманието на обожавателките на актерот, па набрзо нивните фотографии ги преплавија социјалните мрежи.

Токму тој период се појавиле гласини дека Џан и Дилета повеќе не се заедно, што огнената Италијанка го потврдила кратко потоа.

„Љубовта и животот се непредвидливи. Се надевам на нов почеток“, рекла Леота во една телевизиска емисија.

Сепак, сè уште нема потврда дека Јаман започнал нова љубовна врска, како ни дека тоа се случило додека сè уште бил официјално со Дилета.

Моран Атијас е постара од Џан девет години и во април оваа година го прослави 40-тиот роденден.

Стекнала слава благодарение на улогите во италијанските филмови Gas, Oggi sposi и La Terza madre, а подоцна работела и на американски телевизиски проекти. Во светот е уште попозната како модел, а во тој бизнис зачекорила откако ја открил Роберто Кавали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moran Atias (@moranatias)

На почетокот на 2000-тите нејзиниот емоционален живот се нашол во центарот на вниманието на европската јавност, со оглед на тоа што го освоила срцето на романскиот фудбалер Адријан Муту.

Кога ќе објави фотографија, настанува вистински метеж: Мажите лудуваат по неа и велат дека таа е најубавата Италијанка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.