Актерката се појавила со протези и 30 килограми вишок: Ја немате видено Рене Зелвегер во вакво издание!

Нема да ви се верува!

Нејзината трансформација слободно би можеле да ја сместиме во рубриката „верувале или не“

Трансформацијата на Рене Зелвегер за потребите на снимањето на нејзината нова серија The Thing About Pam, за осудената жена-убиец Пем Хеп, која се снима во Њу Орлеанс, е фасцинантна.

Рене толку многу го сменила својот личен опис што едвај би ја препознале на улица! За својата последна улога, оскаровката била фотографирана со специјално направена протетика на лицето, во дебел, посебно скроен костим и со златноруса перика.

Актерката изгледа барем 30 килограми потешка и поголема, па навистина тешко е да се препознае!

Се чини дека сцените се случувале во периодот околу Божиќ. Дворот на куќата бил украсен со фигури на Дедо Мраз во природна големина, а на покривот биле закачени божиќни светилки.

Актерката (52) глуми во мини-серијата на Ен-Би-Си за злоделото што се заснова на вистинската приказна за убиството на Бетси Фери во 2011 година.

Олку драстична трансформација паметиме само кога Шарлиз Терон буквално се изобличи за потребите на снимањето на филмот „Чудовиште“, исто така работен според вистинска приказна.

Седа коса, минимална шминка, облека што никој не би ја облекол: Никогаш не сме ја виделе Моника Белучи во вакво издание!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.