Анџелина Џоли истоштена и уморна: Едвај одела додека се придржувала за ќерка ѝ!

Што ѝ се случило?

Анџелина Џоли (46) била видена на шопинг со ќерка ѝ Вивиен (13)

Актерката Анџелина Џоли по низа појавувања на црвениот килим, се појавила во продавницата за облека H&M со ќерка ѝ Вивиен, додека се обидувала да купи нешто. Збунетите минувачи ја опкружувале, фотографирале, додека обезбедувањето се обидувало да ја заштити актерката и нејзината млада ќерка.

Анџелина изгледала многу уморно, истоштено и болно. Додека се пробивала помеѓу рафтовите, се потпирала на ќерка ѝ. На фотографиите се гледа уморното лице на актерката и многу исплашеното лице на ќерка ѝ.

Сите се прашуваат зошто ѝ требало ова? Ваквиот шопинг можел да го изврши кој било асистент, така што актерката не морала да излегува во гужви. Меѓутоа, денес сè е маркетинг – Анџелина во шопинг со Вивиен е реклама што одлично успева, но никој не можел ни да си замисли дека ваквата реклама ќе создаде контраефект.

Дури ни Анџелина не може да одглуми среќа и задоволство кога ќе го стигне заморот!

Ќерката на Анџелина Џоли го украла сето внимание и ја засенила својата мајка: Шајло (15) со шминка и во мини-фустан!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.