„Волшебниот“ збор што ги тера мажите да реагираат како што сакаме и очекуваме

Кога станува збор за запознавање, врски, додворување… важно е да се има предвид дека секој од нас е различен и сите пораснавме во различни средини, изложени на различни „типови нормалности“.

Сепак, и покрај различните очекувања, надежи и јазици што ги зборуваме, едно е клучно за добар однос – комуникација.

За жените често се зборува дека се поемотивни во комуникацијата, додека мажите се логични. Сепак, исто така е точно дека мажите инстинктивно сакаат да ја направат жената за која се грижат среќна и ќе направат сѐ што е потребно за да се исполни таа „задача“.

Често се случува да постои волја, но начинот да се направи тоа не е така лесен. И додека мажите се прилагодуваат, жените честопати се исцрпуваат.

Ситуацијата е следна:

– мажот не знае како да ја израдува жената, но не комуницира со неа за тоа
– жената е уморна од мажот кој не се обидува, но не сфаќа дека едноставно не знае како
– мажот се чувствува безнадежен и почнува да се повлекува затоа што има чувство дека не може да стори ништо правилно
– еден од нив се откажува и продолжува понатаму затоа што се чини дека проблемот не може да се реши.

Овој циклус продолжува и потенцијално се повторува, а единствениот проблем е неефикасна комуникација.

Што да се направи за да се прекине циклусот?

Дел од одговорот е дека реакцијата на мажите, како и на жените ќе зависи од тоа како ќе им се пристапи.

Ако му кажете на вашиот партнер нешто како “Мислам дека ме игнорираш” или “Зошто не ми се јави кога ми рече дека ќе го направиш тоа?” или „Требаше да ми кажеш дека ќе доцниш“, се фокусираат на она што не го сторил, односно погрешил.

Сепак, постои магичен збор кој ќе ви овозможи да добиете поинаков одговор, а гласи „се чувствувам“.

Ако му речете на вашиот партнер: „Кога не ми се јави, се почувствував како да ме игнорираш“ или „Кога не ми се јави, се почувствував како да не ти е важно“ или „Кога не ми кажуваш дека ќе доцниш, се чувствувам како да не го цениш моето време“- неговите одговори или реакции ќе бидат сосема различни.

Партнерот кој се грижи за вас, сака да ве израдува, а кога ќе му кажете дека се чувствувате лошо поради него, тој ќе ја разбере ситуацијата. Ќе сака да работи заедно за да го решите проблемот наместо да заземе борбен став.

Ќе се добие, меѓу другото, чувството на комуникација со него наместо да се истакнат неговите недостатоци.

Сето ова можеби звучи малку смешно, но точно е. Кога мажите велат дека се едноставни суштества, тоа навистина го мислат.

Тие сакаат да ве направат среќни, но понекогаш им треба малку помош и трпеливост за да сфатат како да го сторат тоа.

Значи, следниот пат кога не се согласувате со партнерот и се појавува потреба да разговарате за проблемот, не се фокусирајте на она што го прави (или не прави), туку на тоа како се чувствувате во врска со неговите постапки.

Прочитајте и: Јасни знаци кои укажуваат дека сте подготвени да се вселите со партнерот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.