Јасни знаци кои укажуваат дека сте подготвени да се вселите со партнерот

Дали е време?

Ако во моментот сте во процес на размислување за вселување со партнерот, следниве информации може да ви бидат од голема корист.

Поточно, како што откри психотерапевтот Џен Ман, пред да живеете заедно со партнерот, треба внимателно да размислите дали можете да ги препознаеете следниве точки бидејќи тие потврдуваат дека сте подготвени за тоа.

Веќе не сте во „фаза на меден месец“

Поминаа најмалку година и половина откако како сте заедно, а почетната вљубеност не е присутна? Одлично, ова значи дека веќе поминавте низ првите расправии и сте се запознале доволно добро за да знаете како функционирате и дали навистина можете да живеете заедно.

И двајцата рековте „те сакам“

Ова е многу важна ставка. Ако вистинското „те сакам“ потекнува и од вас и од вашиот партнер, тоа значи дека вашата врска премина во цврста и стабилна фаза.

Вие сте вклучени во неговиот живот, и тој во вашиот

Вие сте запознале едни со други семејството и пријателите, заедно решавате проблеми, а вие сте вклучени во неговиот живот, а и тој во вашиот. Како што истакнува д-р Ман, ова е исклучително важна точка.

Прочитајте и: Женски приказни: Брак со грешка

Кога зборувате за иднината, вашите планови се совпаѓаат

И двајцата сакате (или не сакате) да стапите во брак, да имате деца и слично. Ако овие работи не одговараат, тогаш вашата врска нема иднина.

Зборувате отворено за пари

Од суштинско значење е да имате отворен пристап кога станува збор за финансии, споделување на трошоците, заштеда, инвестирање и слично. Вие сепак ќе ги споделите вашиот дом и живот со таа личност.

Љубов во доба на коронавирус: 6 активности што можете да ги направите со вашата сакана личност ако се оддалечени

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.